Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за образование Мила Царовска како одговор на барањето на СОНК наставниците да работат од дома.

„Сите држави во светот, а и СЗО и УНИЦЕФ, препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во светот се отворени. Ние немаме голем број заразени. 0,05 проценти е заразеноста кај учениците и 0,6 проценти кај наставниците, што значи не надминуваме ни еден процент“, рече Царовска.

Според неа, социјалниот дијалог меѓу СОНК и Министерството е на многу високо ниво.

„Ние со ребалансот на буџетот обезбедивме финансирање. Училиштата во кои има доказ за надминување на часовите, во согласност со Законот за работните односи, треба да ги исплатат прекувремените работни часови“, вели Царовска по однос на барањето на СОНК наставниците да добијат додаток на платата.

Царовска, сепак, вели дека нема голем број училишта каде што има надминување на бројот на часови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.