Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство да овозможат и да организираат бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници што имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколкупати во месецот да плаќаат за тестирање бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна“, објаснува Мицкоски.

Овој е уште еден од низата предлози што ги презентира лидерот на опозициската партија во однос на превенција од коронавирусот откако претходно предложи ослободување од работа на бремените жени и хронично болните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.