Пендаровски: Нема друга алтернатива освен доследно почитување на протоколите

Во отсуство на вакцина или лек за оваа болест нема друга алтернатива освен доследно почитување на протоколите, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност.

Министерот Филипче ги информирал за најновата состојба и плановите за работа на болниците низ Македонија за напливот на нови пациенти.

„Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб. Се следи состојбата насекаде во светот и Европа. За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме поголеми бројки на заболени. Сведочиме дека најразвиените земји и економии тешко излегуваат на крај со пандемијата“, рече Пендаровски.

Според претседателот, ниту во Владата, ниту во Министерството не е собран сиот ум и искуство во светот, па затоа секоја критика е добредојдена.

„Мора да постои добра волја и подготвеност сите корисни идеи да бидат прифатени. Оваа ситуација не треба да се користи за добивање на политички поени“, рече Пендаровски.

Тој во името на сите присутни во состанокот да им се заблагодари на сите вклучени во борбата со Ковид-19. На денешната седница отсутни беа професорот Ненад Марковиќ кој имал работни ангажмани и министерот Оливер Спасовски, кој отсуствуваше бидејќи е позитивен на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.