За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија.

„Не е прифатливо“, изречно рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали може да се прифати тврдењето на Бугарија дека македонскиот јазик и идентитет извираат од бугарскиот.

„Факт е дека имаме заедничка историја, тоа го има во учебниците. Низ вековите сме имале заедничка историја и тоа е убава можност која можеме да ја искористиме во иднината“, рече Заев.

Премиерот денеска присуствуваше на седницата на Советот на безбедност, кој беше свикан од претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски рече дека до него воопшто не стигнала информацијата за која беше прашан од новинарите дека во Брисел бил постигнат договор за компримис меѓу Македонија и Бугарија.

„Преговори за македонскиот идентитет и јазик никогаш немало и нема да има“, изјави Пендаровски.

Тој вели дека со зачувувањето на црвените линии на двете земји е возможен договор.

„Ќе се најде компромис, исто како што се најде со Грците“, рече Пендаровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.