МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери што ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма. Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието, како и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците“, се наведува во соопштението од МОН.

Од МОН информираат дека во тек е подготовка на целосно нов закон за учебници, со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.