Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што побргу едногласно да се изгласаат двата пакета на мерки за заштита на населението и спречување понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство за важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментот веќе се во сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

„Истовремено, им порачувам на граѓаните дека и постојните мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секого од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следуваат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.