Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот.

„На Владата на утрешната седница ќе предложиме уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес“, рече Филипче.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да собереме сили сите да го избегнеме сето ова“, порача Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.