Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Октомври 2020
Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти.
Најголем број случаи се потврдени во Скопје - 90, Гостивар - 15 и Куманово - 11.
Во Штип - 2, Прилеп - 6, Тетово - 5, Велес - 4, Кавадарци - 2, Струмица - 8, Крива Паланка - 1, Радовиш - 1, Кочани - 3, Пробиштип - 2, Берово - 6, Валандово - 1, Делчево - 2, Кичево - 2.
Починати се 12 лица, и тоа седум пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 г.), пациент од Струга (67 г.), од Тетово (85 г.), од Битола (68 г.), од Кавадарци (56 г.) и пациент од Прилеп (63 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје - 62, Куманово - 6, Штип - 4, Прилеп - 6, Тетово - 7, Струга - 4, Велес - 3, Битола - 2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар - 5, Гевгелија - 2, Струмица - 10, Радовиш - 4, Кочани - 12, Пробиштип - 6, Пехчево - 2, Берово - 3, Валандово - 4, Свети Николе - 2, Кичево - 2.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. .
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9942, активни 2674
• Куманово 1986, активни 225
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1446, активни 159
• Прилеп 931, активни 226
• Тетово 1727, активни 288
• Струга 749, активни 75
• Велес 433, активни 97
• Битола 466, активни 151
• Охрид 510, активни 86
• Кавадарци 323, активни 85
• Гостивар 1040, активни 104
• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 588, активни 358
• Крива Паланка 178, активни 62
• Радовиш 172, активни 70
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 569, активни 195
• Пробиштип 141, активни 20
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 7
• Берово 170, активни 44
• Валандово 83, активни 47
• Виница 150, активни 49
• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 424, активни 58
• Кичево 418, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 115
• Гази Баба – 280
• Аеродром - 534
• Карпош – 446
• Центар – 445
• Кисела Вода – 320
• Ѓорче Петров – 216
• Бутел - 111
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 8
• Илинден – 36
• Сопиште – 21
• Чучер Сандево – 9
• Петровец –17
• Зелениково - 8
• Странец – 12
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс