Во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Октомври 2020
На патниот правец Кичево – Охрид, поточно кај с.Врбјани после планинскиот превој Пресека, поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 - 15 минути, соопшти АМСМ.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс