Дождливо и ветровито со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

На места врнежите ќе бидат од пороен карактер проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од среда следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.