Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд ѝ ја намали казната на четири години.

На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај е осуден на две години затворска казна, а помошникот во министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор во скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.