Казнети 513 возачи во Скопје од кои 148 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 35 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, за нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 39 возачит.

Исто така, казнети се 82 мотоциклисти и одземени се четири мотори.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила се подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.