ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

„Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на Уставот.СДСМ и Заев продолжуваат на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и Пендаровски.

Ваквото узурпирање на мандатот е со цел да се добие дополнително време во кое претседателот на СДСМ, кој инаку самиот признава дека нема мнозинство ќе ги искористи овие 20 дена да прави непринципиелен и нехуман притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување на мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Се друго е кршење на Уставот.

„Сега по изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев. Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, пропаѓа банка, цената за откуп на грозје е катастрофална, излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, се нема конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев.

Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.