Црвениот крст на Македонија отвори телефонски линии за донации за Бејрут

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и давање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут, главниот град на Либан, по силната експлозија на пристаништето.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани може да се вклучат со обезбедување парична помош на:

- сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настраданото население во Либан;

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070/075/077 143 400.

Средствата може да се донираат од 7.8.2020 до 20.8.2020 година и тие ќе бидат префрлени на Црвениот крст на Либан за настраданото население во Бејрут.

Црвениот крст изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.