168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје - 83, Куманово - 8, Дебар - 2, Штип - 6, Прилеп - 3, Тетово - 26, Струга - 5, Битола - 2, Охрид - 8, Гостивар - 8, Крива Паланка - 1, Крушево - 1, Кочани - 1, Пробиштип - 2, Македонски Брод - 1, Свети Николе - 4, Кичево - 6 и Ресен - 1.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица, и тоа од: Скопје - 48, Тетово - 18 и по еден во Велес, Гостивар, Кочани и во Ресен.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во болницата „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, а кај која вирусот е потврден посмртно.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати - 362, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586. Од вчерашните тестови два се контролни, а во моментот статистиката за активни случаи по градови е следна:

• Скопје - 3.656, активни 1.928

• Куманово - 818, активни 179

• Дебар - 120, активни 67

• Штип - 411, активни 166

• Прилеп - 289, активни 58

• Тетово - 831, активни 351

• Струга - 288, активни 187

• Велес - 198, активни 36

• Битола - 65, активни 24

• Охрид - 218, активни 189

• Кавадарци - 22, активни 15

• Гостивар - 188, активни 115

• Гевгелија - 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица - 18, активни 10

• Крива Паланка - 18, активни 12

• Радовиш - 4, активни 0

• Крушево - 8, активни 4

• Кочани - 76, активни 17

• Пробиштип - 30, активни 19

• Демир Хисар - 3, активни 2

• Македонски Брод - 7, активни 5

• Пехчево - 6, активни 2

• Берово - 3, активни 0

• Валандово - 6, активни 2

• Виница - 4, активен 1

• Делчево - 1, активни 0

• Кратово - 6, активни 3

• Свети Николе - 58, активни 51

• Кичево - 58, активни 49

• Ресен - 129, активни 88

• Неготино - 21, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега направени се вкупно 72.690 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 16 нови, со што вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 лица.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 44, а во болницата во Штип - 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица хоспитализирани се 110 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во согласност со новите податоци статистиката на активни случаи во скопските општини е следна:

• Чаир – 360

• Аеродром - 166

• Бутел - 156

• Гази Баба - 210

• Центар – 156

• Карпош – 153

• Сарај – 140

• Кисела Вода – 114

• Ѓорче Петров – 111

• Студеничани – 121

• Шуто Оризари – 89

• Арачиново – 46

• Илинден – 34

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 7

• Зелениково - 13

• Странец – 5

• Нераспределен - 11





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.