Арсовски: Во телефонскиoт разговор со лажната Грета Тунберг, Заев ја понижи Македонија

Тажното и понижувачко аудио кое се појави на „Jутјуб“ каде што Зоран Заев како премиер разговара со наводната Грета Тунберг, е само реална слика за начинот на кој Заев ја води и ја претставува оваа држава и овој народ, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што кажа тој, мислејќи дека разговара со активистката Грета и нејзиниот татко, односно во разговор со лажни соговорници, Заев ја раскажал целата тажна слика на Република Македонија.

„Заев во само еден т.н. пранк, успеа да изнесе навреди кон францускиот претседател Макрон и призна дека загадени се Скопје и државата, а во рок од 10 секунди, за да ја покаже својата моќ, успеа само низ телефонски разговор да затвори 2 аеродрома во Република Македонија“, посочи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека Заев со најголема гордост и како приоритет број 1 во разговорот се фали како го сменил името на својата држава.

„Дури и ја призна тажната вистина дека Република Македонија е сиромашна и неразвиена земја која не е атрактивна за мигрантите, но и покрај тоа тој се уште е отворен за населување и за отворање на живеалишта за мигранти“, посочи Арсовски.

На крајот тој потести, на како што рече, неуспешната ПР стратегија на Владата која на крајот на минатата година објави дека спречила хибриден напад од пранкери посочувајќи токму разговор на Заев со наводната Грета Тунберг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.