Чулев: Нулта толеранција на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е стратешка определба на МВР

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, потенцираше дека ќе бидат преземени потребните мерки за соодветно распоредување на полициските службеници, во насока на обезбедување на максимална покриеност на територијата на целата држава на изборниот ден.

Тој уште еднаш ги повика полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори.

„Стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори. Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова. Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тие масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право“, рече Чулев кој беше во посета на полициското одделение Јегуновце кое е во состав на ПС Тетово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.