Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје - 63, Куманово - 4, Дебар - 6, Штип - 4, Прилеп - 2, Тетово - 14, Струга - 6, Велес - 2, Битола - 1, Охрид - 4, Гостивар - 12, Свети Николе - 1 и Кичево - 1.

Починати се 5 лица, двајца од Скопје, еден од Куманово и двајца од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово починати се две лица надвор од болнички услови на возраст од 78 и 76, кај едниот од починатите Ковид-19 е дијагностициран постмортем.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица, и тоа од: Скопје - 82, Штип - 1, Тетово - 30, Струга - 2, Битола - 2, Гостивар - 2, Кочани - 4, Пехчево - 1, Ресен - 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје - 3.487, активни 1.941

• Куманово - 805, активни 197

• Дебар - 116, активни 64

• Штип - 394, активни 160

• Прилеп - 283, активни 53

• Тетово - 789, активни 373

• Струга - 274, активни 173

• Велес - 198, активни 44

• Битола - 63, активни 22

• Охрид - 209, активни 180

• Кавадарци - 21, активни 15

• Гостивар - 173, активни 103

• Гевгелија - 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица - 17, активни 9

• Крива Паланка - 17, активни 11

• Радовиш - 4, активни 0

• Крушево - 7, активни 3

• Кочани - 75, активни 18

• Пробиштип - 28, активни 17

• Демир Хисар - 2, активен 1

• Македонски Брод - 6, активни 4

• Пехчево - 6, активни 2

• Берово - 3, активни 0

• Валандово - 6, активни 2

• Виница - 4, активен 1

• Делчево - 1, активни 0

• Кратово - 5, активни 2

• Свети Николе - 47, активни 42

• Кичево - 49, активни 40

• Ресен - 122, активни 84

• Неготино - 21, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.367 теста се преку: ИЈЗ - 628, „Авицена“ - 100, „Биотек“ - 134, МАНУ - 115, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) - 258, „Систина“ со PCR-метода - 116, ЦЈЗ Битола - 16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 41, а во болницата во Штип хоспитализирани се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и во Гостивар хоспитализирани се 102 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 373

• Аеродром - 154

• Бутел - 167

• Гази Баба - 192

• Центар – 144

• Карпош – 158

• Сарај – 140

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 109

• Студеничани – 107

• Шуто Оризари – 91

• Арачиново – 50

• Илинден – 32

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 9

• Зелениково-8

• Странец – 2

• Нераспределен - 62





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.