Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19.

„Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку,  тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат“, напиша таа.

Директорката на кумановската болница претходно беше во самоизолација поради присуство на партискиот состанок, по што беше откриено дека директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е позитивна, но резултатите беа негативни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.