Николовски: 200 милиони евра годишна поддршка за земјоделство конкурентно на светските пазари

За кратко време, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, а во идниот мандат продолжуваме со поддршка од 200 милиони евра годишно, рече генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски во Чешиново-Облешево.

 

„Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци. Сега покриваме 50 проценти, а во наредниот мандат ќе ја покриваме целосно 100 проценти! Зелената нафта ќе биде целосно бесплатна“, порача тој.

 

Истакна и дека поддршката за млад земјоделец е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

 

„Градиме три нови откупно дистрибутивни пунктови во Ресен, Скопје и Струмица, за сигурен пласман и поконкурентно производство. Продолжува и поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки. Ја субвенционираме платата по 3.000 денари на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години“, нагласи кандидатот на СДСМ.

 

Николовски ги повика земојделците од овој регион да не дозволуваат да си поигруваат со нивните чувства, бидејќи како што рече, опозицијата не нуди ништо, туку само пропаганда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.