Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините, соопшти Фејсбук, пренесува „Ен-Би-Си-Њуз“.

Издавачот „Natural News“ беше една од најплодните „туркачи“ на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое лажно тврдеше дека коронавирусот е дел од владин заговор за контрола на населението преку вакцини и тврдеше дека со носење маска се зголемува ризик од зараза со новиот коронавирус.

Фејсбук соопшти дека пронашле странски тролови кои постојано објавувале содржини од „Natural News“, веб-страница за борба против вакцинирање, која често објавува лажни теории на заговор за коронавирусот за 5G и Бил Гејтс. Тие, исто така, објавија содржини од сестринските веб-страници на – „NewsTarget“ и „Brighteon“, во обид вештачки да ја зголемат својота посетеност.

„Ги отстранивме овие страници за спам и несоодветно однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на „фарми за содржини“ во Северна Македонија и Филипините“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Официјалната страница на „Natural News“ на Фејсбук беше забранета од Фејсбук минатата година, но страницата ја избегна забраната објавувајќи содржини во групите за дезинформации брендирани во „Amazing Cures“ и „GMO Dangers“, во кои имаше стотици илјади следбеници. По откривањето на манипулациите со странска платформа на Фејсбук, компанијата им забрани на сите корисници да објавуваат линкови до „Natural News “ и нејзините сестрински страници во целост на страницата на 19 мај.

Natural News е веб-страница во сопственост и управувана од Мајк Адамс, продавач на додатоци во исхраната, познати и под името „Здравствениот ренџер (The Health Ranger)“.

Минатата година, веб-страницата објавуваше статии за карцином на интернет. Написот во април, „Индустријата за рак не бара лек; тие се премногу зафатени со правење пари “, што ја промовираше неоснованата теорија на заговор дека„ Биг Фарма“ крие познат лек за рак за да ги задржи луѓето болни, имаше 5,4 милиони споделувања, коментари и реакции, претежно на Фејсбук, според податоците собрани преку BuzzSumo, компанија за анализи на социјални медиуми.

Во текот на своето 25-годишно работење, Natural News беше домаќин на илјадници објави кои промовираат лажни лекувања и шират теории на заговор.

Адамс не одговори на барањето за коментар, но се осврна на забраната на неговата веб-страница, нарекувајќи ја „палење дигитална книга“, а ги повикува читателите да се жалат на „Фејсбук“ и да поднесат тужба за граѓански права во Министерството за правда.

Avaaz, активистичка организација која води кампања против дезинформација на интернет, објави студија во која тврди дека „Natural News“ достигнале нови височини по првичната забрана минатата година со создавање неформални подгрупи што ширеле низ мрежата на социјалните медиуми здравствени дезинформации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.