Продолжува променливото и облачно време со локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.