Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, на прес-конференција.

Спасовски рече дека владата е во постојана комуникација со земјите во регионот и дека наскоро ќе може да се патува.

Исто така е донесена одлука рестораните и кафулињата задутре да почнат со работа.

Спасовски предупреди дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина.

„Треба да прифатиме дека пандемијата не е победена и дека е закана по секој граѓанин. Секое игнорирање оди директно на штета на борбата против вирусот. На сите ни е јасно дека ова е нова фаза за сите нас. Тоа ново секојдневие не повикува и не обврзува“ порача Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.