Костадинов: Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок

Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, секако по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции коишто ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни се функционални институции коишто ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба, согласно законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба“, рече Костадинов.

Тој денеска на прес-конференција рече дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски останува запаметен како неодговорен политичар кој за време на оваа криза цело време се однесувал незрело, несериозно и неодговорно.

„Денес, Мицкоски прави сè да нема избори, прави сè да ја држи земјата во неизвесност и да создаде политичка криза, само затоа што се плаши од изборно соочување и извесниот пораз од граѓаните. Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Вада се уште еден доказ зошто се потребни избори и нова политичка влада“, рече Костадинов.

Тој додаде дека со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓание, особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваат за новиот бран на коронавирусот наесен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.