Онлајн дискусија „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“

По повод 4 април, денот на НАТО и македонското полноправно зачленување во НАТО, Факултетот за безбедност - Скопје и Американскиот центар за образование, денеска, понеделник  организираат он-лајн дискусија на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“.

Говорници на онлајн дискусијата се претседателот, Стево Пендаровски, претседателот на Владата,  Оливер Спасовски, полковник Зоран Јанковиќ -  шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, проф. д-р Марјан Ѓуровски  - проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Ризван Сулејмани - проректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје и проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје.

Во онлајн-дискусијата, акцентoт ќе биде ставен на расположливите механизми на НАТО во услови на криза и вонредна состојба со кој денес се справуваме и кои од нив ние можеме да ги искористиме како полноправна членка во справувањето со актуелната криза на пандемијата со коронавирусот. (транспорт, достава на медицински материјал, маски и сл), информира проректорот Марјан Ѓуровски иницијатор на дискусијата. Меѓу другото се очекува да стане збор за напорите кои ги имаме направено, фокусирајќи се на потребата од нови трансформации во иднина со цел да се одговори на новите ризици и закани по безбедноста, заклучува Ѓуровски.

Целта на оваа онлајн дебатата е да се манифестираат активности и можности за делување на Факултетите и во овие специфични услови со цел да собере преку електронска комуникација на едно место студенти, преставници на академската заедница, претставниците на владиниот и граѓанскиот сектор, истражувачи, тинк тенк организации со цел да ги споделат идеите и погледите во насока која е многу значајна за развојот на нашата држава по членство во НАТО и искористување на механизмите за поддршка во вонредната состојба. Преку активноста ќе се мотивираат и самите студенти за активности и следење на дускусиите на онлајн настанот во овие специфични услови, информира проректорот Ѓуровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.