Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење, сопшти МВР.

„Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци“ се наведува во соопштението.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот утре,  6 април.

МВР апелира до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење и предупредува дека непочитувањето ќе биде санкционирано.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.