Облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои доцна попладне ќе престануваат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјата, информира УХМР.

Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен ветер од североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.