Арсовски: Кога ќе заврши кризата сите ќе ги видат вистинските лица на Заев и Филипче

Народот ќе биде запрепастен од улогата на Венко Филипче во оваа криза и претходно нормално сите знаеме за неговите сомнителни тендери, набавки и сомнителни дејанија кои се граничат, односно се надвор од законот. Сепак за тоа ќе разговараме откако ќе дојде време, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставовите на министерот Филипче за тестовите за коронавирус.

„Тоа ќе биде откако ќе заврши оваа криза сега ни е најважно здравјето на граѓаните и заживување на економијата. Видете Венко Филипче и Зоран Заев секој оној кој спротивно размислува од нивното мислење и кој ја кажува вистината на граѓаните тие сакаат да го етикетираат и да го прогласат за еретик кој шири лажни вести итн. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде вовлечена во површни дискусии и ситни кавги. И оттука изјавата на Венко Филипче ќе ја гледаме само низ призмата на менталниот склоп на Зоран Заев.

Нема да реагираме со било каков напад бидејќи сега не е време за тоа, но верувајте кога ќе заврши сето ова, сите ќе го видат вистинското лице на Зоран Заев, на Венко Филипче и на сите оние кои се обидоа на било каков начин да профитираат од оваа криза и природна непогода која ги погоди граѓаните“ порача Арсовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.