ДОМ: Насилниците најстрого да се санкционираат!

Зелената партија ДОМ го осудува насилството врз девојката од Штип, што беше прикажано преку споделеното видео на социјалните мрежи и порталите. ДОМ ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство и бара насилниците најстрого да се санкционираат.

Истовремено апелираме до граѓаните и медиумите да не го споделуваат видеото, за да се спречи дополнителната виктимизација и стигматизација на девојката, жртва на родово базирано насилство.

Во време кога поради корона пандемијата е неопходно да останеме дома, за голем број жени домот не е безбедна средина.

ДОМ апелира до МВР и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите неопходни мерки за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.