Филипче: Досега се направени 4.117 тестови за коронавирус

Досега во земјава се направени вкупно 4.117 тестови за коронавирус, што е најголем број тестови на еден милион жители од сите земји во регионот, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна бројка. Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени“ истакна Филипче.

Тој објасни дека се тестираат пациенти позитивни со симптоми, се идентификуваат нивните примарни контакти и на нив им се препорачува самоизолација. Со тестирањето институциите имаат целосна контрола и увид во третманот односно состојбата на пациентите, дополни министерот Филипче.

Како што рече, позитивен пациент се смета оној кај кој ќе се утврди присуство на вирусот по направен тест, а не и тестовите за антитела.

„Тестовите на антитела само поставуваат сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа кај сите коишто ги прават тие тестови, мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот“ рече тој.

На земјава и е одобрен е пристап до Европскиот солидаран фонд, што значи дека ќе учествува во заедничките постапки за набавка на материјали и потреби за здравствените институтции. Ова, според министерот за здравство, е голема придобивка за земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.