Сончево со температура до 9 степени

Изутринава врнежи од снег има во источните делови. Дува слаб до умерен, а на повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно, потоа сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.