Укинати забраните за камиони на Плетвар, Стража, Маврово - Дебар
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Април 2020
Од 08:10 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Од раните утрински часови укинати се и забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места и низ клисурите има остатоци од кашест снег на коловозите.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс