ДОМ се откажува од буџетските средства за партијата

Зелената партија ДОМ се откажува од финансиските средства кои партијата оваа година треба да ги добие од државниот буџет.

Oд партијата велат дека во време на пандемијата драгоцен е секој дополнителен денар наменет за здравствениот систем и надминување на социо-економските последици.

„Сега, повеќе од кога било, потребна ни е солидарност. За ДОМ заштитата на здравјето, задржувањето на секое работно место и обезбедувањето на егзистенцијалните потреби на граѓаните се од највисок приоритет. Ги поздравуваме напорите и придонесот на некои претпријатија за оваа цел и бараме нивниот пример солидарно да го следат сите оние што не се значително погодени од ефектите на пандемијата. ДОМ апелира операторите на системите за дистрибуција на електрична, топлинска енергија, за електронски комуникациски услуги да ги намалат надоместоците за граѓаните, особено за социјално најранливите категории“, велат од ДОМ.

ДОМ смета дека економските мерки за справување со коронакризата на Владата треба да бидат засновани на потребите на сите засегнати страни и да произлезат од соодветни анализи и усогласени стручни мислења на економските експерти. По истиот принцип како што здравствените мерки ги носи согласно ставот на врвните професионалци од областа на медицината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.