Левица: Вработените во фабрика во Кичево сѐ уште работат без сапун, маски и ракавици

Политичката партија Левица објави дека периодов добиле голем број пријави за ненајавени отпуштања, доцнење со плати и непочитување на препораките за заштита на работниците во време на светска пандемија.

Случај со непочитување на препораките, велат од Левица, е забележан во фабриката „Џојсон Систем Сејфти“ (поранешно „Ки Сејфти Системс“) која е лоцирана во технолошко индустриската развојна зона во Кичево.

„Според нашиот извор, во оваа фабрика работниците (кои што се во број поголем од 1000!) сѐ уште немаат добиено елементарни средства како сапун, маски, ракавици со кои што ќе се придонесе за заштита и превенција од корона вирусот. Дополнително, во компанијата не се почитуваат мерките за одалеченост, при што огромен број од работниците се сѐ уште распоредени во огромни групи со кои што се зголемува опасноста од ширење на овој вирус“, велат од Левица.

Од партијата додаваат дека станува збор за компанија во која пред две години работници биле избркани поради обиди за синдикално организирање.

„Конкретниот случај веќе е пријавен до Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат и очекуваме соодветен и навремен одговор од надлежните институции. Иако правните механизми за заштита на работниците континуирано се минираат од капиталистичката владејачка класа, во периодот што следи Левица ќе ги искористи сите механизми кои ни стојат на располагање против самоволието на капиталот и неговите владејачки елити“, додаде Левица во соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.