ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителство и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест во 18 часот, кој ќе започне пред Обвинителството, а ќе заврши пред Врховниот суд.

„Ги повикувам сите граѓани, од сите националности и убедувања да ни се приклучат. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите, но и порака за чуварите на неправдите, обвинителството и судството, дека оваа борба во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстават на неправдите“, рече Мицкоски, кој рече дека нема информации за нов материјал доставен од укажувач.

Протестот доаѓа откако вчера на прес конференција, пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски објавуваше аудио материјал со глас за кој рече дека е на лидерот на СДСМ и експремиерот, Зоран Заев.

Минатата недела владејачката СДСМ маршираше од Собранието до Кривичниот суд, при што порачаа на судиите дека се „ослободени и дека треба да работат независно со донесениот Закон за Јавно обвинителство“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.