Бојан Јовановски: Јас сум мало бебе во однос на Милески

Обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 за случајот „Рекет“, по прикажувањето на ПИ-мерките рече дека снимките и извештаите од МВР покажуваат само една несериозност.

 

Тој негодуваше бидејќи извештаите кои ги читаше обвинителката Вилма Русковска не соодветствувале со снимките кои биле прикажани во судската сала.

 

На крајот, Јовановски рече: „Јас сум мало бебе во однос на оној кој прв доби куќен притвор”.

 

„Единствените законски снимки кои се прибавени во овој настан се олицетворение на една груба несериозност, која беше денеска претставена, имавме исчитување на извештаи кои не соодвејствуваа на мониторите на салата. Во однос на потенцирањето за ул. Стрезова, не видовме видеоснимка ниту фотодокументација, бидејќи обвинителката потенцираше дека одам кај Катица Јанева. Се потенцираше 'Скупи 3', а тоа е седиштето на '1ТВ', и 'Варшавска', каде што е куќата на моите родители. Сакам да кажам дека ова е само моја одбрана. Од ова што го видовме, јас сум само едно мало бебе во однос на оној кој доби прв куќен притвор”, рече Јовановски пред судот.

 

Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева, рече дека ПИ-мерките немаат доказна вредност.

 

„Тие не се однесуваат на предмет на обвинение, има разлика во време”, рече Кадиев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.