Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека за законот треба бадентерово мнозинство.

 

„И самиот Џафери кога најавуваше дека ќе се гласа со апсолутно мнозинство, рече дека треба дополнително бадентер. Ние го забележавме овој пропуст, но чекавме да се распушти Собранието и да ја известиме јавноста. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпише овој закон, зошто ако одлучи поинаку, се друго е противуставно“, рече Димовски.

 

Тој додаде дека Џафери направил хаос, но добро е што ова е крај, бидејќи конечно завршило неговото катастрофално претседавање со Собранието.

 

„Немаше гласење за Законот за советот на јавни обвинители, вратете ги снимките назад, ќе видите, немаше бадентер, овој закон не донесен. Овој неуспешен ден е завршен за хунтата на власта“, рече Димовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.