Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална политика во техничката влада.

 

„Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување.

 

Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија.

 

Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ“ напиша Спасовски на Фејсбук.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.