Столтенберг: ЕУ не е во состојба да ја брани Европа, затоа тука е НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека ЕУ не може сама, без НАТО, да ја одбрани Европа.

 

Тој тоа го рече по повод понудата на францускиот претседател Емануел Макрон на Полска да учествува во францускиот антинуклеарен чадор во зајакнатата европска одбрана.

 

„Напорите на ЕУ да ја зајакне одбраната секогаш се добродојдени. Тоа е прекрасно да ги преземаат бидејќи тоа исто така го јакне и НАТО. Франција има нуклеарно оружје, но главниот гарант за безбедноста на европските сојузници се средствата за заплашување кои ги применува НАТО и во кои се поврзуваат можностите на САД и Европа“ рекол првиот човек на НАТО во интервју за полската приватна телевизија „Полсат“.

 

Столтенберг нагласил дека 80 отсто од сите воени трошоци ги плаќаат членките на НАТО кои не се во Европа. „Тоа значи дека ЕУ не е во состојба да ја одбрани Европа и дека НАТО е герант за безбедноста за европските сојузници“ објасни Столтенберг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.