Разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи

Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

 

Разрешувањето беше по предлог на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, поради прекршување на Уставот и некористење на новото уставно име на таблата во Министерството.

 

Спасовски во своето обраќање рече дека нема да дозволи некој да си игра со Уставот.

 

„Несериозно е со Уставот да се играат играчки,кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно“ истакна Спасовски.

 

Мизрахи во обраќањето посочи дека таа смета оти не го прекршила Уставот и нејзиното разрешување е обид да се прикријат проблемите кои постојат во Министерството за труд и социјална политика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.