Груби: Од прв до последен ќе гласаме за законот за ЈО, ДУИ нема никакви условувања

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби, кој нагласи дека од таму очекуваат законите да се усвојат и Собранието да се распушти најдоцна до недела (16 февруари).

„Ако треба ќе работиме деноноќно да се завршат овие постапки и да одиме на избори“, нагласи Груби.

Тој кажа дека ДУИ нема никаков проблем со СДСМ, односно дека неговата партија била клучниот партнер во владата за најважните одлуки за државата.

„Настапот вчера беше таков, поради некоординираност. Стојам зад кажано, ДУИ недвосмислено го поддржува законот за ЈО. Ќе гласаат сите пратеници почнувајќи од Али Ахмети. Нека закажат седница за половина час, ќе дојде и тој и сите од прв до последен ќе гласаме за законите за ЈО. Со ништо не го условуваме СДСМ, нема такво нешто“, порача Груби.

Воедно додаде дека партијата целосно го поддржува преспанскиот договор, а со тоа и разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.