Јовановски: Доцниме на судење бидејќи бев нападнат од затворски службеници

Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа дека бил нападнат.

„Доцниме бидејќи бев нападнат од затворски службеници“, рече Јовановски обраќајќи им се на новинарите при влезот во судницата.

Директорот на затворот “Скопје”, Есад Рахиќ вели дека не верува оти некој го нападнал Јовановски. Тој дополнително треба да провери што се случило, засега е само информиран дека Јовановски одбил да му се стават лисици.

„Утринава сум информиран дека при обидот Јовановски да се спроведе во суд, давал отпор, бил нервозен и не дозволувал да му стават лисици. Треба да проверам, што точно се случило“, вели директорот на затворот, Есад Рахиќ.

На денешното рочиште треба да бидат пуштена уште една снимка од оние кои осудениот Зоран Милески ги доставил до Обвинителството за организиран криминал и коруцпија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.