Кривична за вработени во осигурителна компанија, кои измамиле четири лица

Против две лица од Тетово поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и измама.

Од полицијата информираат дека станува збор за лица на 31 и 32-годишна возраст, кои работеле во осигурителна компанија во Тетово, од кои едниот како менаџер на подружница, а вториот како застапник.

 

Тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето на начин што влијаеле врз оштетените А. З., Е. З., Б. З. и В. Н. и ги измамиле да им потпишат полномоштво за подигање парични средства од нивните трансакциски сметки.

 

„Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, а од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари. Подигнатите износи од пријавените лица не им биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А. З. само 1.500 евра од вкупно подигнатите 150.000 денари“, велат од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.