Спасовски : Ние сме модел за успешно и функционално општество еднакво за сите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, се обрати на конференцијата „Статусот и положбата на националните малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“, при што го истакна концептот „Еднакво општество за сите“.

 

„Уверен сум дека оваа Конференцијата ќе донесе поттикнувачки препораки за уште поголемо збогатување и јакнење на дијалогот и процесите за соработката меѓу различните култури, чии граѓани ќе се чувствуваат еднакви и рамноправни членови на заедницата. Исто така сум уверен дека и двете земји, и Северна Македонија и Хрватска, имаат што да кажат на темата на конференцијата.

 

Хрватска како земја членка на ЕУ и Северна Македонија како кандидат за членство на чекор до отпочнување на преговорите со унијата, ги имаат прифатени европските вредности за почитување, солидарност и неправењето разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници. Тоа се темели за интеркултурното разбирање и со кои докажуваме дека можеме да бидеме модели за успешно и функционално општество еднакво за сите“, рече тој.

 

Спасовски вели дека е застапник на ставовите дека правата на граѓаните во демократски уредените држави не се еднаш за секогаш дадени и дека секогаш можат да се унапредуваат. „Имајќи го тоа предвид, верувам дека оваа конференција ќе исцрта насоките за унапредување на правата на граѓаните во двете земји како што доликува на земји со докажано традиционално заемно пријателство и партнерство. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност и ќе продолжиме позитивно да ги користиме, да ги учиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста и недискриминацијата по сите основи, се придобивките кои можат да уште повеќе да не поврзат“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.