ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот закон за легализација граѓаните би плаќале 150 проценти од вредноста на комуналиите

Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на криминалното работење на СДСМ и општ грабеж на народот.

 

Ваква е реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако претходно министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат стотина илјади објекти на граѓани да бидат легализирани.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека според членот 20, физичките лица, односно граѓаните ќе треба да платат неверојатни 150 проценти од вредноста на комуналиите за објектот.

 

„Да повториме дека граѓаните според новиот предлог закон ќе плаќаат 150 проценти од вредноста на комуналиите, а приватните компании кои ја користат од државата изградената, а потоа дадена под концесија даден кабловска канализација не само што добиваат право да ја купат туку за истата нема да треба да платат ниту денар комуналии. СДСМ повторно ја става раката во џебот на граѓаните во обид за да ги задоволи расипничките потреби “, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 

Додаваат дека лани буџетот бил мегаломански и рушел рекорди, а милиони евра пари на граѓаните биле потрошени во непродуктивни цели. Како што оценува ВМРО-ДПМНЕ, реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е на очајно ниво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.