Мицкоски: Не одам на лидерски средби на кои СДСМ предлага закон за заштита на своите криминали

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по повод празникот Водици присуствуваше на чинот на положување на светиот крст во водите на Охридското езеро, исто како и претседателот на владејачката СДСМ, Зоран Заев.

 

Мицкоски по завршувањето на манифестцијата, од страна на новинарите беше запрашан за негов став во врска со тоа што Заев за следната недела најавил можна лидерска средба во однос на предлог законот за јавно обвинителство.

 

Мицкоски одговори дека во јавноста е познат ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот и дека нема намера да оди на паушални лидерски состаноци на кои СДСМ, како што кажа, предлага закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури кои по 12 април ќе заминат во опозиција.

 

„Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина немам намера да го губам времето ниту на господинот Заев, ниту на граѓаните. Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараат, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.