Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни христијани.

 

„Богојавление нè потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник. Да не дозволиме во постојаната борба со материјалните предизвици нашите животни врвици да останат без идејна и морална крепост и да продолжиме да се стремиме кон зачувување на духовните вредности“, се наведува во честитката на претседателот.

 

Пендаровски на членовите на Светиот архиерејски синод и на сите православни верници им посакува празникот да го минат во мир, радост и среќа.

 

„На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието кои ќе ги споделуваме со сите наши сограѓани придонесувајќи за наша лична и добробит на целата заедница“, истакнува претседателот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.