СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Не постои пречка за една изборна единица на изборите во април, брифираат извори од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. 

 

СДСМ синоќа на состанок го дефинирале ставот дека нивна определба останува изборите да се одвиваат во една изборна единица.

 

Оттука велат дека се целосно мобилизирани на терен и најавуваат дека коалицијата ќе биде проширена со неколку мали политички партнери.

 

„Претседателот разговараше со ДУИ за една изборна единица. Тоа е наша определба. На нашите листи, жените ќе бидат 50 проценти застапени“, велат од СДСМ.

 

Додаваат дека никој не треба да помисли на амандмани или блокади, бидејќи тоа е демократизација на општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.