Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето кое ги објавува снимките поврзани со Рекет. Оттаму велат дека преку постапка ќе се утврдува дали во содржината на разговорите има елементи на кривично дело.

 

„Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавува снимките. Со постапката треба да се утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, кој снимал, како и идентитетот на лицата што разговараат“, велат од Обвинителството.

 

Засега никој не е повикан да даде исказ во Обвинителството, велат дека е прерано за тоа.

 

„Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, додаваат оттаму.

 

Досега до Обвинителството нема пристигнато пријава која се однесува на снимените разговори. Тие велат дека нема да ја коментираат содржината на разговорите, туку работата ќе ја темелат врз докази.

 

„Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз. “

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.