ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, изјави пратеникот Драган Данев.

 

„Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венецијанската комисија јасно потенцираше дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики. Почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејпарот на Франција според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата бара и почитување и имплементацијата на кажаното од Венецијанска комисија. Забелешките на Венецијанска комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ кои ние како партија ги поднесовме уште пред година ипол, кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце“, рече Данев.

 

Тој ја повика владејачката СДСМ да ги поддржи амандманите.

 

Исто така, додаде тој, власта треба да се охрабри и да ги прифати и предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за гласање на закон за забрана за амнестија на политичари, како и забрана за занимавање со политика на лица кои биле амнестирани.

 

„Заев се плаши и да прифати закон за утврдување на потекло на имот на политичарите, кои преку ноќ се стекнале со огромни богатсва. Доколку Зоран Заев има барем малку чест и храброст тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Христијан Мицкоски за измени во Законот за избори и воведување на кандидат мандатар, со што претендетот за премиер нема да може после избори да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политиката“, рече Данев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.